Нова пол-позиција за Ботас
Foto

Нова пол-позиција за Ботас

Валтери Ботас ја освои пол-позицијата за трката за големата награда на Шпанија и тоа со доминантен резултат пред Луис Хамилтон на второто и Себастијан Фетел на третото место. Финецот од Мерцедес постави нов рекорд на Каталуња, 1:15.406, побрз од Хамилтон дури за шест десетинки.

Подредена улога имаше вториот возач на Ферари, Шарл Леклер, завршувајќи петти, зад Макс Ферстапен од Ред Бул. До него ќе стартува Пјер Гасли, а до десеттото место се плсаираа Грожан, Магнусен, Квјат и Рикардо. Ова беше деветта пол-позиција во кареирата на Ботас, а со оглед дека од 28-те трки досега на Каталуња дури на 21 славел возачот од пол-позиција, јасно е дека има големи шанси за шеста победа во кариерата со што би го задржал водството во генералниот пласман.

0 Коментари

Остави коментари