Нова победа за македонскиот ММА-борец Пецевски
Foto

Нова победа за македонскиот ММА-борец Пецевски

Македонскиот ММА борец, Стефан Пецевски забележа победа на турнир во гратчето Фолкетсвил, во Швајцарија и тоа против домашен натпреварувач. Во велтер категорија, до 77 килограми, Пецевски победи против 26-годишниот Мирадџедан Рахим, во 29-тата од 30 борби на турнирот. Го совлада пред истекот на третата рунда, со зафат од позадина, таканречен „реар нејкед чоук“, по кој Швајцарецот мораше да се предаде. Фактот што борбата ја прифати пред само две недели и тоа што отпатува без својот тренер, Ивица Алексовски, не го поколеба Пецевски да ја забележи третата победа во својата четврта борба како професионален ММА-борец. Една беше прогласена со скор нерешено, така што тој се уште нема пораз. Пецевски има 23 години, доаѓа од тимот „Д Стронгест“, а беше дел и од македонската селекција во бразилска џиу-џица, која минатиот викенд во Рим освои 18 медали.

Foto

0 Коментари

Остави коментари