Нова образовна концепција, историја се спојува со општество, албанскиот јазик изборен од шесто оддление
Foto

Нова образовна концепција, историја се спојува со општество, албанскиот јазик изборен од шесто оддление

Од септември учениците до шесто одделение ќе немаат посебен предмет по историја. Содржините ќе се изучуваат под предеметот општество. Од шесто одделение пак учениците ќе имаат предмет Историја и општество. Клучната промена е што сега овие два предмети почнуваат да се учат споено во еден премет почнувајќи од шесто одделение.

Албанскиот јазик пак ќе стане изборен предмет, кој ќе може да се изучува од шесто одделение. Во четврток треба да се распишат огласите за подготовка на програмите во наставните предмети согласно наставниот план, а ресорното министерство ги повика сите експерти од високото образование, и оние што се вклучени во одделенска настава, да се вклучат во процесот на подготовка на програмите.

И покрај низата реакции во јавноста,Владата вчера ја усвои концепцијата .

„Концепцијата е во најдобар интерес на децата и во насока на создавање едуцирани и одговорни граѓани, воспитувани во духот на граѓанските и демократските вредности на општеството, што е и основен постулат на Конвенцијата за правата на децата на ООН.“ - вели Влада на РСМ.

Новата концепција на МОН крена прашина во јавноста и имаше реакции и забелешки од повеќе образовни институции, организации, професори, училишта. Се стравуваше за работни места, имаше предупредувања за неподготвеност и пребрзо воведување на реформата, недоволна едукација на наставниците, за интегрирањето на предмети.

Стручната фела ги истакна своите забелешки при јавна расправа Собранието, а кои од нив се прифатени, а кои одбиени сеуште не е познато. Од Владата тврдат дека се слушнати сите засегнати страни.

0 Коментари

Остави коментари