Нова наградна игра „Мој ддв, моја награда“
Foto

Нова наградна игра „Мој ддв, моја награда“

Наградната игра „Фискална во рака - награда без мака“, со која се „прослави“ екс министерот за финансии Ставрески, сега со ново име „Мој ДДВ, моја награда“, како проект на новата министерка за финансии Нина Ангеловска.

Стартува од 25-ти ноември и ќе се делат вкупно 500.000 евра. Среќните добитници ќе се избираат преку Државната лотарија. А ќе учествуваат речиси 150.000 граѓани кои скенираат фискални сметки со проектот „Мој ДДВ“. Ќе се делат награди на дневно ниво, ќе има и 15 награди месечно како и две главни премии. Сите ќе бидат парични. Целта е да се мотивираат и наградат граѓаните да бидат даночни инспектори и да и помогнат на власта во борбата со сивата економија и даночната евазија. Агеловска не гледа никаква сличност со наградната игра на нејзин претходник.

„Напротив воопшто не би се сложила дека има било каква сличност или дека е иста, затоа што ова е унапредување на мерка на владата која дала резултати и која е добра. Од друга страна би сакала јасно да ве информирам дека наградните игри ги применуваат над 10 земји коишто ние ги анализиравме. И еве тука еден оинтересен пример кој што го анализиравме и разгледувавме. Владата на Тајван во 1951 година адресира сива економија со наградна игра и ја намалува даночната евазија за 75 проценти.“ - изјави Нина Ангеловска, министерка за финансии.

ТВ 24 дознава дека за наградната игра на Ангеловска имало сериозни забешелки. Неофицијално спорно е тоа што се прави дискриминација на лицата под 18 години кои законски се малолетници и не смеат да учествуваат во наградни игри, а можат да скенираат фискални со проектот „Мој ДДВ“ каде право на учество имаат лица над 15 години. А го спорат и судирот на интереси, бидејќи УЈП не смее да организира наградни игри, а со овој проект токму таа е оргаизатор. За Ангеловска сепак нема ништо спорно. 

„Како што законот предвидува се ќе си биде во рамките на законот. Во наградни игри можат да учествувата полнолетни лица со навршени 18 години. Така се формирани и правилата на наградна игра.“- вели Ангеловска.

Заев од опозиција жестоко го критикуваше овој проект на ВМРО-ДПМНЕ, со обвинувања дека тој е потврда дека има даночна евазија. СДСМ тогаш се залагаше за проект „Мој ДДВ“ кој сега и го имплементираше. Главната награда пак на проектот на тогашната власт од ВМРО-ДПМНЕ беа стан и дуќан, а на секои 45 дена од купивите писма со по 20 фискални, се избираше среќникот кој ќе добие автомобил.

0 Коментари

Остави коментари