Нова национална стратегија за безбедност во сообраќајот
„Секој живот е важен“ е мотото на Стратегијата на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштатачија цел е во наредните четири години, односно во 2030 година, бројот на сообраќајни несреќи да биде драстично намален. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека во изминатите 35 години во Македонија имало катастрофален годишен просек на човечки жртви, кој е помеѓу 145 и 150.
Стратегијата ја претстави Никола Дујовски, член на координативното тело за изработка на стратегијата, кој изјави дека основната цел е за овој краткорочен период од четири до пет години да бидат преполовени страдањата во сообраќајот.
Националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата 2026-2030 претставува значаен стратегиски документ што го препознава придонесот на образованието во создавањето сообраќајна култура и долгорочното унапредување на безбедноста, истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Овој стратешки документ ги дефинира клучните чекори, мерки и цели за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата и зачувување на човечките животи, велат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

