Нова минимална плата, но и нова кошничка, без цигари, алкохол и одмор во странство

Желбата за раст на минималната плата се уште актуелна тема со надеж да се стигне до 500 евра. Марјан Петрески од „Фајненс тинк“ вели дека минималната плата треба да расте, бидејќи нејзината примарна функција е да го зачува животниот стандард на најниските приматели на плата.

Петрески потенцира дека кога се зборува за минималната плата треба да се внимава  на  повеќи аспекти меѓу кои и тоа што поголемата маса на средства во економијата може да предизвика за цените, односно за инфлацијата.

Посочува дека во последниот месец имаме подобрување во смисла на намалување на цените, особено кај храната. И додека трае дискусијата за минималната плата, веќе се крои потрошувачката кошничка. Ќе се пресметува за основните трошоци на тричлено семејство.

Во кошничката нема да има цигари, алкохол, одмор во странство и останати ставки кои се сметаат за луксуз - кошничката ќе мора да помине на мислење на Економско социјалниот совет.

Државниот завод за статистика престана да ја прави пресметката во 2011 година, таквата улога ја презема ССМ. Сега Владата направи и своја, последната објавена пресметка од ССМ е за февруари и тежи 63.773 денари за четиричлено семејство.