Нова кривична пријава за Мерко
Уште една кривична пријава заработи струшкиот градоначалник Рамиз Мерко - именувал библиотекар без соодветно образование за директор иако не ги исполнувал условите за таа позиција.
Овие неправилности биле утврдени при контрола на Државниот просветен инспектор, извршена на 20 јуни годинава.
„Тој, во својство на градоначалник на општина Струга, на 30.05.2018 и на 01.04.2024 донел решение со кое А.О. од струшкото село Подгорци, од библиотекар го именувал за директор на основното училиште во истото село. Пријавениот Р.М., го направил тоа иако знаел дека А.О. нема соодветно образование и не исполнува повеќе услови од Законот за основно образование, немал најмалку пет години работно искуство во училиштето, не го положил испитот за директор во утврдениот законски рок, немал приправнички стаж и не поседувал соодветен сертификат за познавање на англиски јазик, информираат од МВР.
Списокот на обвиненија против актуелниот градоначалник на Струга е долг. Освен за овој случај Мерко е обвинет и за уште три други незаконски назначувања на директори. Во Велешта за кој започна и судски процес, а истото го правел во училиштата во Лабуништа и Подгорци. Третообвинет е и за нелегална градба на објект на крајбрежјето во Струга.
Струшкиот градоначалник се товари и за злоупотреба на службената положба, за набавка на четири автомобили во вредност од околу 114.000 евра, меѓу кои и луксузен „Ауди А6“ во период кога Општината имала блокирана сметка.И за овој случај започна судски процес.
Од 20 јуни 2023 година, Мерко се најде на црната листа на Соединетите Американски Држави поради корупција и мешање во судски процеси.

