Нова инвестиција на компанијата „Кромберг и Шуберт“ – потпишан договор во Владата

Нова инвестиција на германската компанија „Кромберг и Шуберт“, нови 2.000 работни места и производство на делови за германскиот автомобилски гигант „Ауди“ – во Владата денеска беше потпишан договор со германската компанија.

Во фабриката во индустриската зона Жабени ќе се произведуваат системи за нов модел на „Ауди“, со планиран обем од над 3.000 снопови дневно. Инаку, проектот предвидува и воведување современи технологии и дигитализација на производството, вели Ѓорѓи Тренковски, комерцијален директор на „Кромберг и Шуберт“.