Нова експлозија во Истанбул, експлодира автомобил бомба

Два дена после терористичкиот напад во Истанбул, вечерва дошло до нова експлозија во центарот на градот.

Како што пишуваат медиумите, експлодирала автомобил-бомба.Експлозијата се случила во областа Фатих во најголемиот турски град.

Пред неколку дена експлозија се случила на улица полна со луѓе, при што загинаа 6 листа, а преку 80 беа повредени. Турската полиција уапси педесетина лица поврзани со нападот.