Нова Cosmo дрогерија во срцето на градот, во Diamond Mall

Cosmo започна едно ново поглавје во светот на козметиката и мирисите, каде што нуди луксузна дрогерија со богат и разновиден асортиман. Во новата продавница ќе најдете врвни мириси од познатите парфемски куќи како Narciso Rodriguez, Kenzo, Elie Saab, Burberry, Armani, Versace, Yves Saint Laurent, Carolina Herrera, Jean Paul Gaultier, Moschino, Dsquared2, Jimmy Choo, Pepe Jeans, Gucci, Boss, Chloe.

Покрај тоа, ви гарантираат широк избор на селективна козметика од врвни брендови како Shiseido, Clinique, Estee Lauder, Payot, Teaology, како и декоративна козметика од L’Oréal, Maybelline, Deborah Milano, Seventeen, Aura, Bell, Essence, Catrice. За оние кои бараат нешто посебно, ги претставуваат и NICHE брендовите Moncler, Atelier des Ors, Van Cleef & Arpels, Fragrance Du Bois, Cherigan, The House of Oud, The Different Company, Jimmy Choo, а дополнително, ексклузивно само во новата дрогерија во Diamond Mall, ги воведуваат брендовите Chabaud и Jacques Fath.

Широк  асортиман на производи, пријатната атмосфера и услужлив персонал, кои ја прават новата Cosmo продавница уникатно место каде што ќе најдете сѐ што ви е потребно. 

Посетете ја новата продавница на Cosmo и искусете уште едно чудесно шопинг искуство. Во периодот од 9 до 15 декември уживајте во нивните специјални промоции, изненадувања, акции и подароци кои се подготвени по повод на отварањето на новата продавница. 

Бидете дел од Cosmo во Diamond Mall - вашето место за совршени подароци.