Нова блокада во Собранието - стотици амандмани за законот за здравствена заштита

Опозицијата не отстапува од поднесените амандмани за измени во деловникот со кои се предвидува он лајн следење на седниците за пратениците инфицирани од Ковид 19 и оние кои се во изолација.

И денеска опозициските пратеници во законодавниот дом велат не се кочничари на останатите законски решенија  но дека без консензус не прифаќаат измени во Деловникот.

Од СДСМ и денеска поорачуваат дека покрај поднесените 3000 амандамани за деловникот,  опозициските патии имаат поднесено и над  500 амандмани за измените на Законот за здравствена заштита.  

Пратениците од парламентарното мнозинство вчера изнесоа само дел од амандманите на опозицијата кои биле архивирани во собраниските служби, за кои обвинија дека се неосновани  а во тек е и преведување на истите.

Во меѓувреме и натаму се отвара полемика за евентуалното ново прогласување на кризната состојба за која пратениците од ВМРО-ДПМНЕ велат наскоро ќе го изнесат својот став, Алијансата за албанците пак вели дека сметаат дека нема потреба од 6 месеци но за тоа ќе се дискутира во законодавниот дом и велат подготвени се за кординација.