Нов случај на пневмонија во Русија под надзор на СЗО

Светската здравствена организација (СЗО) побара информации од руските власти во врска со медиумските извештаи дека уште еден лабораториски работник боледува од пневмонија со неодредено потекло.

СЗО исто така побара дополнителни податоци за да се разјасни причината за тешката пневмонија и да се идентификува патогенот што доведе до спроведување на мерки за јавно здравје, пренесе Ројтерс.

Руската агенција за здравствен надзор соопшти дека не се откриени случаи на чума меѓу лицата кои биле во контакт со лабораторискиот работник од Iнститутот за истражување на антракс, кој почина минатата недела.

Лабораториска работничка во Институтот за истражување против чума во Иркутск, југоисточен Сибир, почина на 2 октомври под околности кои остануваат нејасни, а како причина за смртта беше наведена „пневмонија со непозната етиологија“.

Руските власти изјавија дека не нашле докази оти нејзината болест била предизвикана од некој од патогените со кои таа работела и нагласија дека ситуацијата е под контрола. Болницата каде што се лекувала работничката е ставена во карантин, додека околу 200 луѓе кои биле во контакт со неа се под строг медицински надзор.