Нов скандал ја “тресе“ кочанската болница
Нов скандал ја “тресе“ кочанската болница. Семејство кое 50 години живее во Канада, за празниците дошло во Македонија, но наместо празнична атмосфера, преживуваат голгота.
“Оставете број, ќе ви се јавиме ако умре”, со овие зборови биле “примени” Фредерика и нејзиното семејство во болницата во Кочани, каде моментално е сместен сопругот на Фредерика.
Таа тврди дека немаат информација за тоа каква е состојбата на пациентот и дека нејзиниот сопруг е сместен на интерното одделение во кочанската болница, каде со возило на брзата помош бил префрлен во понеделникот. Кога успеале да го видат глетката била страшна.
Пациентот претходно имал проблеми со тироидната жлезда, за која прима соодветна терапија, а после оваа голгота семејството вели дека сакаат да го префрлат во Канада, но исто така посочува и на катастрофалните услови во кочанската болница.
За овој случај семејството на Шанговски го известиле и конзулатот на Канада во Македонија и Канадската Амбасада.
Инаку, како семејството така и ние се обидовме да стапиме во контакт со Директорот на Кочанската болница, но обидите беа безуспешни.