Нов силен земјотрес во Лариса, Грција почувствуван и во земјава
Foto

Нов силен земјотрес во Лариса, Грција почувствуван и во земјава

Нов силен земјотрес од 5.9 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва околу  19.30 часот (20.30 по локално време), во близина на грчкиот град Лариса, а беше почувствуван и во земјава.

Првичните информации на грчките медиуми се дека во дел од погодената област е причинета голема материјална штета.

Информации за евентуални жртви нема, а пребарувањето на погодените места е отежнато поради прекинот со електрична енергија како последица на силниот потрес.

Според  грчката државна телевизија – ЕРТ, епицентарот на земјотресот бил 15 километри од  Месохори и станува збор за сосема нов расед, различен од оној кој го предизвика земјотресот вчера со јачина од шест степени.

0 Коментари

Остави коментари