Нов протест пред училиштето во Јурумлери
Родителите на деца кои следат настава на македонски јазик во основното училиште Петар Петровиќ-Његош вечерва излегоа на протест против отворање на албанска паралелка за тринаесет ученици во училиштето. Досегашната пракса беше на албански јазик да се учи од прво до петто одделение, а на остататите ученици до деветто одделние да им се обезбедува бесплатен училишен превоз до училиштата во соседните населени места.
Со бојкотот на наставата која трае десет дена запознаен е и министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, кој испрати ултиматум до родителите, да прекинат со бојкотот, инаку ќе бидат одземени ингеренциите на општината.
Марина Јанчев од иницијативниот одбор на родители вели дека бојкотот ќе продолжи се до исполнување на барањата, а евентуалното одземање на ингеренциите ќе предизвика бојкот на наставата во сите основни училишта на територијата на Гази Баба.
Од просветниот инспекторат за ТВ 24 велат дека направен е надзор во училиштето и констатирано е дека има услови учениците да ја следат наставата на албански јазик.
Нема никаква пречка да се одржи настава на албански мајчин јазик. Направен е надзор во училиштато, по претставка од Министертството за образование. Откако е направен надзор, констатирано е дека во установата има услови за одржување настава на албански јазик. Нашата порака е да не се дозволи населението да одлучува за населението, велат од просветниот инспекторат.
Додека трае препукувањето помеѓу родителите и Министерството за образование, учениците од Петар Петровиќ Његош губат часови, кои никој не знае како ќе се надоместат.