Нов протест на семејствата на загинатите во катастрофалниот пожар во Кочани

Со транспаренти и фотографии од загинатите деца во 12:05 се одржа вториот протестен марш во Кочани под слоганот „Задоцнета реакција“ од блиските и семејствата на настраданите во пожарот што се случи на 16ти март во „Пулс“ во кој животот заврши за 61 млади и имаше безмалку 200 повредени.  

Маршот започна од градски парк кон трговскиот центар до општината, полицијата, основниот суд и кочанското обвинителство.

Нашите ангели заслужуваат правда

Ова не е несреќа ова е убиство

Стоп за селективна правда

Коруптивниот систем ги уби нашите деца

Ова се дел од пораките на маршот. Со едноминутен молк пред Полициската станица граѓаните го искажаа незадоволството од ненавременото постапување за да се спречи немилиот настан, а потоа пред Основниот суд и Основното јавно обвинителство побараа информации за досегашната истражна постапка. „Бараме отчетност за сработеното“,  беше единствената гласна порака што ја извикуваа пред Обвинителството.

Ова е втор собир на кочанчани по катастрофалниот пожар која засекога го промени градот. Во понеделник пак локалниот совет закажа седница на која треба да се избере в.д. градоначалник откако сега веќе ек градоначланикот Љупчо Папазов на 18 март си поднесе неотповиклива оставка а веднаш потоа беше осмничен во истрагата и зварши во притвор. Засега кандидатура за позицијата вд градоначалник најави само независниот советник Венко Крстевски.