Нов предлог за олабавување на мерките
Да се укине сертификатот за влез во државата за сите граѓани, препорача денеска Комисијата за заразни болести. Оваа препорака следува откако од вчера официјално, по две години, се укина задолжителното носење на маски во затворени простори, освен во болници, аптеки, јавен превоз и дом за стари лица и по трендот на намалување на бројките на новозаразени, хоспитализирани и починати во земјава. Се уште важи мерката за поседување на сертификат за посета во кафетерии и ресторани, освен за отворените делови.
Во инфективните болници ширум земјава е намалена бројката на хоспитализирани пациенти. Портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ, информираше дека пациентите кои се хоспитализирани се со лесна клиничка слика и дека моментално има само еден пациент кој е на респиратор. Министерот за здравство апелираше дека вирусот е се упте присутен и дека треба граѓаните да бидат внимателни. И состојбата со вакцинацијата е се уште незадоволителна. Ќе се спроведат повеќе активности за да има поголем процент на вакцинирани граѓани.