Нов предизвик на Тик ток, повредени се десетина ученици
Десетина уиченици се повредени во нов предизвик на социјалната мрежа Тик ток. Станува збор за опасен предизвик кој се шири меѓу средношколците, но и поголемите основци. Меѓу повредите има и лица кои се здобиле со посериозни скршеници.
Докторите предупредуваат дека ваквите предизвици се многу опасни и повредите може да бидат со многу потешки последици по здравјето на децата.