Нов потврден случај на птичји грип во Македонија

Не постои сериозна опасност за ширење на птичјиот грип, уверуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство откако вчера беше потврден вирусот кај една угината дива птица во комплексот Свети Јован во скопско Злокуќани.

Директорот на Агенцијата вели дека станува збор за затворен комплекс и дека сите мерки биле преземени навреме. 

Теоретски, птичјиот грип може да се пренесе на луѓето но шансите тоа да се случи се минимални и не треба да има простор за паника, велат епидемиолозите. 

Пред три недели птичји грип беше потврден и кај една птица во скопската зоолошка градина, по што тимовите на АХВ усмртија 36 птици за да спречат натамошно ширење на вирусот. Досега нема ниту еден потврден случај кај луѓе.