Нов потег на Народната банка за затегнување на монетарната политика

Нов потег на Народната банка за затегнување на монетарната политика, каматните стапки се зголемени за дополнителни 0,25 процентни поени.

„На седницата на Комитетот беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се зголеми за 0,25 п.п. до нивото од 5,50%. Со овие промени се продолжува со затегнување на монетарната политика, коешто започна уште од крајот на 2021 година, со активно управување со ликвидноста преку интервенциите на девизниот пазар, а од април па наваму и преку зголемување на каматните стапки “ -соопштија од Народната банка.

Првиот финансиер Фатмир Бесими вели дека фискалната политика на дневна основа е во целосна координација со монетарната. Задолженоста на граѓаните и на фирмите во банките продолжува да расте , на годишно ниво во февруари е заголемена за 7,7%. Податоците покажуваат дека домаќинствата во банките по основ на сите видови кредити должат скоро 3,5 милијарди евра, на годишно ниво раст од 7,3%.

Изминатиот период во континуитет Народната банка ја зголемуваше основната камата што предизвика и раст на каматите за кредитите. Граѓаните потврдуваат дека кредитите стануваат поскапи.

И покрај растот на каматите, и натаму најбарани се потрошувачките и станбените кредити каде има и највисоки стапки на раст.(ова под телоп) По основ на потрошувачки кредити граѓаните во февруари должеле 1,8 милијарди евра а за станбени кредити 1,24 милијарди евра

 

Кредити февруари 2023

Потрошувачки кредити 1 800 000 000 евра

Станбени кредити 1 240 000 000 евра

 

Народната банка почна да ја зголемува основната камата за да влијае врз намалување на инфлацијата. Растот на банкарските камати за кредитите економски носи забавена кредитна активност кој влијае врз вкупната економија.