Нов починат од Ковид-19 од Лабуништа, општина Струга бара карантин
Foto

Нов починат од Ковид-19 од Лабуништа, општина Струга бара карантин

Бројката на заболени од Ковид 19 во струшко расте,само вчера беа регистрирани 14 позитивни граѓани на корона вирус а денеска Министерството информира дека на клиниката во Скопје починал уште еден жител од Лабуништа кој бил хоспитализиран во лоша здравствена состојба, позитивен на ковид 19.Поради се поалармантните бројки на новозаразени и починати Општина Струга бара карантин и целосна изолација од трите села кои имаат заразени пациенти.Во случајов Лабуништа е жариште  и регистрира најголем број заболени но и починати од корона вирус, а по Лабуништа, се Велешта и Татеши.Жителите се плашат дека карантинот ќе ги отсече и блокира целосно но во насока да се спречи ширењето на вирусот во нивното село и целиот реон ќе ја прифатат и почитуваат  секоја одлука која ќе ја донесат надлежните.Од кризниот штаб во Лабуништа велат дека жителите досега генерално ги почитуваат мерките.

,,Најавено ни е дека ќе дојдат епидемиолози стручни тимови да ја согледаат состојбата од терен па после тоа ќе знаеме што понатаму.Ние за жал во Лабуништа имаме доста новозаболени од корона вирус но генерално мерките се почитуваат.Каква и да биде одлуката ќе ја прифатиме, од причина што мора да се заштитиме да не се шири вирусот во нашиот реон.- вели Мирсад Мемишоски –Кризен штаб Лабуништа.

Заменик министерот Арслани вели предлогот за карантин се  разгледува и не е исклучена можноста набрзо да се воведе таква мерка.Одлуката ќе се знае после извештајот на епидемиолозите.

,,Сите тие предлози се разгледуваат и за ден два ќе се знае одлукатаа.Мора прво стручните тимови да излезат на терен па потоа да се донесе одлука.Засега строго да се почитуваат правилата,тоа е морално- вели Арменд Арслани зам.министер за здравство.

Во меѓувреме кризниот штаб од Струга воведе неколку нови рестрикции. Неделава беа формирани  мобилни тимови кои вршеа тестирање на жителите од ризичните подрачја, од причина што заклучок е дека не доволно се почитувале мерките.Епидемилозите ги исконтактирале сите лица кои биле во контакт со веќе заразените и им биле земени неопходните материјали, а на оние кои при епидемиолошката анкета не покажале дека се сомнителни им биле издадени решение за изолација.

,,Да се излегува само по потреба до маркет или до аптека.Да се сведат шетањата до град на минимум.-Дашмир Насуфи од Кризниот штаб - Струга.

Досега во Струга регистрирани се вкупно 24 пациенти позитивни на Ковид 19.

0 Коментари

Остави коментари