Нов пакет на мерки за граѓаните

Над 400 000 граѓани, пензионери,  ученици, студенти, самохрани родители, ќе бидат опфатени со антикризните мерки треба да бидат усвоени утре на седница на Владата, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Одговарајќи на новинарско прашање колку компании се блокирани поради неплатен данок на солидарност Битиќи рече дека според последните податоци бројот е мал, под 20. Уште не се блокирани  сите компании  и секојдневно се менува бројот.