НОВ ОБИД ЗА ДОГОВОР МЕЃУ МАКЕДОНСКИТЕ И БУГАРСКИТЕ ИСТОРИЧАРИ ЗА ЛИКОТ И ДЕЛОТО НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Foto

НОВ ОБИД ЗА ДОГОВОР МЕЃУ МАКЕДОНСКИТЕ И БУГАРСКИТЕ ИСТОРИЧАРИ ЗА ЛИКОТ И ДЕЛОТО НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Прашањето за значењето, ликот и делото на Гоце Делчев повторно на маса меѓу македонските и бугарските историчари. Рано утринава во Охрид членовите на мешовитата комисија започнаа да дискутираат за ставовите по однос на ова прашање но  и за тоа како да се изнајдат заеднички препораки за подобрување на учебниците по историја кои го обработуваат средниот век.

Средбата на комисиите во Охрид доаѓа  само неколку дена откако Бугарија ја усвои скандалозната декларација во која побара исфрлање на македонскиот јазик во рамките на ЕУ и исфрлање на историскиот факт „бугарски фашистички окупатор“ од македонските учебници.Во пресрет на ихсодот од истата кој ќе биде соопштен утре, домашните експерти сметаат дека барањата на бугарската страна се пренагласени максималистички и нереални и за да се постигне договор голем дел мора да се повлечат.

- „Одредени барања не се реални се разбира, знаете во секоја држава имате етно декадентни што се вика митолошки барања што немаат никаква основа. Јас мислам дека ќе се вразумат и ќе ги повлечат тие барања.Се ќе се реши знаете балканската историја е заедничка историја.Не само со Бугарија туку и со Србија  со сите останатите земји.Ние славиме заеднички светители, ние славиме заеднички победи и порази и во интерес на тоа сигурен сум дека ќе се реши овој проблем,фактички Гоце Делчев ќе се третира како заедничка историска личност и нема да има никаков проблем.“ - вели професор Зоран Матевски.

Науката работи со факти и ако се потпираме врз неа ќе ги решиме проблемите, во спротивно се ќе биде дело на политика вели професорот Ратко Дуев декан на Филозофскиот факултет Скопје, кој го дели ставот  дека македонската страна веќе направила голем дел отстапки.

- „Секој може да се изјасни што сака, вие можете на попис да се пишете Марсовец. Но со таа логика ние повторно влегуваме во еден лавиринт во минатиот век каде што треба ги занемариме фактитем а да се потпираме на митови и митологии што е нереално.Ние како научници не навлегуваме во политика, но зависи до кој степен ќе се притиска од другата страна, ние од наша страна сметам дека направивме доволно отстапки е сега ќе треба да направи другата страна“.- рече Ратко Дуев декан на Филозофски факултет Скопје.

Ова е петта средба на Комисијата оваа година, а до крајот на годината е предвидена уште една.Од претходните средби до владите на двете земји се препорачани заеднички чествувања на св. Кирил и Методиј, св. Климент, св. Наум и цар Самуил, како и препораки за подобрување на учебниците по историја за шесто одделение во Република Северна Македонија и петти клас во Бугарија, кои се однесуваат на античкиот период од минатото.

Целта на состаноците, како што велат од Комисијата, е да се изврши денационализација и деполитизација на минатото. Комисијата е формирана на паритетна основа за решавање на историските и образовни отворени прашања, во согласност со Договорот за добрососедство и соработка. Брои по седум членови од двете држави, претседател од македонска страна е Драги Ѓоргиев, а од бугарска Ангел Димитров – првиот амбасадор на Бугарија во земјава.

0 Коментари

Остави коментари