Нов монтажен објект во Клиничкиот центар - амбулантски оддел на клиниката за пулмологија
Foto

Нов монтажен објект во Клиничкиот центар - амбулантски оддел на клиниката за пулмологија

Нов монтажен објект во клиничкиот центар. Се прави амбулантски оддел на клиниката за пулмологија. Веќе е поставена бетонската плоча како подлога за монтажно-модуларниот амбулантско поликлинички оддел, а кон крајот на неделата ќе почне поставувањето на контејнерите, чија монтажа треба да заврши до 30 јули.

Пациентите со белодробни заболувања се во најризичната група од ковид-19, поради што, како што велат здравствените власти, посебно е значајно поставувањето на монтажната амбуланта, која ќе го намали притисокот врз клиниката.

0 Коментари

Остави коментари