Нов масакр во Србија - Осум убиени кај Младеновац
Последните информации од српските медиуми се дека во пукањето во Младеновац вечерва 21 годишниот Урош усмртил 8 лица и ранил многумина низ двете села низ кои бегал.
Напаѓачот стрелал и ранил 25 лица во две села кај Младеновац. Тој отворил оган во училишниот двор каде претходно имал расправија. Застрелал и убил 20 годишен полицаец и неговата сестра, но продолжил да пука и кон сите кои му се нашле на патот.
Според очевидци жртвите мирно седеле на клупа кога почнал крвавиот поход. Мештаните се во шок и очај! Голем е и бројот на повредени бидејќи момчето пукало и бегајќи со автомобил низ две села во близина на Младеновац. Се стравува дека може да и има повеќе жртви, а според неофицијални информации меѓу ранетите има и деца. Повеќето од ранетите се пренесени во Белград.
На 8 ранети од Младеновац им е укажана помош во Ургентниот центар во Белград, 1 лице во Смедерево, а 2 пациенти во КБЦ „Драгиша Мишовиќ“.
Полицијата започнала потрага по Урош Б.(21). Последен пат бил виден во близина на Мали Пожаревац, како бега во Мерцедес. На социјалните мрежи кружи и видеоа кои го пренесуваат медиумите, а на кое се гледаат десетици автомобили на полицијата, специјалните единици и Итната медицинска помош како се движат од Белград кон Младеновац.
Вечерашното пукање доаѓа откако вчера во основно училиште во Белград ученик (13) уби девет лица, чуварот и осум ученици.