Нов Марш за ангелите на Кочани

Родителите на загинатите на денешниот 24 по ред марш на ангелите во Кочани порачаа дека нема да ги заборават своите деца и правдата ќе ја бараат до крај. 

Од надлежните институции побараа и проценка на обвинителниот акт со цел да се закажат судаките рочишта за овој случај. Велат дека доколку нема проценка на обвинителниот акт во најскоро време, ќе почнат со поинтензивни протести и блокади.

Трагедијата која се случи  пред шест месеци во Кочани одзеде 62 животи а повредени беа над 200 млади луѓе.  Досега се уште нема закажано судско рочиште во Кривичниот суд за пожарот.