Нов корона-бран коси низ Македонија
Foto

Нов корона-бран коси низ Македонија

По нецел месец од нарачката, утре пристигнуваат првите дози на  Спутник. Од Москва преку брза пратка на скопскиот аеродром ќе „слетаат“ 3000 вакцини. Преговорите за овие вакцини беа последни, но пратката пристугнува пред сите останати. Со Спутник треба да се вакцинираат 100 илјади граѓани. Имунизацијата ќе почне најверојатно во среда.

 

Досега со вакцините на Фајзер  се вакцинирани здравствени работници, со донацијата од Србија. Опозицијата обвинува за неспособност на Владата да се снајде во процесот со набавката. 

 

На хартија Македонија има набавено два милиони и двесте илјади вакцини за кои не е прецизирано кога ќе пристигнат. За кинеските кои требаше да стигнат во февруари се завршени процедурите со документите, се чека тајмнигот од таму.

 

Додека се чекаат вакцините, здравствениот систем повторно е на тест. Се полнат капацитетите во сите градови.  Британскиот сој „коси“ насекаде, за 56% е пораснат бројот на новозаразени. Болничките капацитети не се загрозени има слободни места, се следат бројките, смирува министерот Филипче.

0 Коментари

Остави коментари