Нов долг од 420 милиони долари од Светската банка
Foto

Нов долг од 420 милиони долари од Светската банка

 Владата и официјално денес се задолжи за нови 420 милиони долари кај Светска банка. Парите ќе треба да ги троши во наредните четири години, а целта е подобрување на животот на граѓаните. Сумата е договорена пред неколку месеци, но денеска и официјално е потпишан договорот. За министерот Тевдовски, станува збор за ефтини заеми со каматна стапка од околу 1 процент. Вели тие се влезени во Фискалната статегија и не го загрижува тоа што јавниот долг на земјава ќе надмине 50 проценти од Бруто-домашниот производ.

„Од сегашен агол би била околу 1 процент каматната стапка. Тое е исклучително поволно ако се гледа колку биле каматните стапки при кредитирање во некои минати периоди. И асолутно да се што е договорено со Светската банка се што стои во стратегијата, може да видите дека е веќе вградено во нашата фискална стратегија.“ - вели Драган Тевдовски, министер за финансии.

Колку ќе биде јавниот долг?

„Можете да видите во фискалната стратегија, секако дека ќе зависи од динамиката на влечењето“- вели Тевдовски.

Меѓу поважните проекти кои се финансираат со овие пари, за Тевдовски е проектот за олеснување на транспортот, односно надминување на граничните бариери при узвозот и извозот на стоките, проектот за изградба на локални патишта кој ќе тежи 70 милион евра, како и тој за подобрување на градинките и услугите од областа на детската заштита.

Меѓународните финансиски институции пак велат ќе бидат успешни ако успеат да го зголемат заемот од програмата и по 4 години пак да дојдат тука. Велат земјава оди добро на патот на евроинтеграциите, а тие ќе ни помогнат за раст на економијата, конкурентноста на компаниите, подобри услови за живот на граѓаните. 

Вкупниот износ кој го спомна министерот Тевдовски е 420 милиони, меѓутоа тој износ може и да се зголеми доколку има можности приватниот сектор. Така што доколку сме успешни, за четири години можеби Георгина и јас повторно ќе ја посетиме РСМ, можеби и на други функции, меѓутоа, како и да е ќе видиме дали сме успеале. А знак на успех е дали IFC успеала да ја прошири или да го зголеми обемот на својата програма- рече Сирил Милер, потпретседател на Светска банка.

На три начини се постигнува ова. Со партнерство со локалните компании, второ ќе обезбедиме совети за локалните производители за да го подобрат своето работење, да добијат пристап до финансирање и конекции со фирми од еврозоната“- рече Георгина Бејкер, потпретседателка на IFC.

Според Фискалната стратегија пак јавниот долг во земјава ќе надмине 50 проценти од БДП. Предвидено е годинава да изнесува 51,7 проценти од БДП, во 2020 година да достигне 52, 3 проценти од БДП, а потоа умерено да се намалува. Според финансии пак тое е значително под утврдениот лимит од 60 проценти од БДП. Во првиот квартал од годинава, јавниот долг изнесува 46,1 процент од БДП или земјава должи над 5,2 милиојарди евра.

0 Коментари

Остави коментари