Нов ден - нов протест

Вработените во институцијата Народниот правобранител од денеска започнаа со мирен протест. Бараат финансиска независност во користењето на буџетските средства на канцеларијата, а воедно и да се подобри финансиската состојба и мотивација за работа на работниците.

Од таму велат дека тоа го препорачува и извштајот на Европската комисија во извештаите за напредокот на државата и бараат ново законско решение со кое вработените во Народниот правобранител, нема да бидат во кругот на вработени опфатени со Законот за административни службеници, туку ќе бидат самостојни и независни.

За во петок, пред Законодавниот дом, протест најавија неколку синдикати, меѓу кои Независниот синдикат на судска администрација, јавнообвинителската служба, УПОЗ, синдикалците од здравство, сите се едногласни во своите барања, повисоки плати.

Вицепремиерот Битиќи вчера рече дека ако треба да с епокачат платите тоа ќе значи кратење од студентскиот оброк и пензионерите. На администрацијата и порача ако сакаат повисоки плати да си ја работи работата.

Според дел од синдикалците, ваквите изјави на Битиќи се недозволиви во услови кога како функционери си дозволија астрономски плати повисоки за над 78 проценти. На прашањето дали би си ги намалиле платите одговорот на функционерите најчесто е проткаен низ создадена системска бирократија па велат дека ќе треба да се менуваат 7 закони.

И додека се затскриени зад бирократијата функционерите уживаат во благодетите повеќе од 7 месеци со високи плати додека протестите се се поинтензивни со барање за повисоки плати.