Нов ценовен удар - поскапува маслото за јадење, повисоки цени и на печивата, брашното, јајацата

Од утре нов удар врз стандардот на граѓаните - компаниите ги прават последните пресметки.

На полноќ завршува важноста на дел од владиниот сет од 26-те антикризни мерки кои беа донесени со цел спречување на ценовни шокови за граѓаните, се отвора простор за вртоглав раст на цените на прехрамбените производи, но и на нафтените деривати. 

- Основните прехрамбени производи од 1 јуни повторно ќе се продаваат со ДДВ. Од утре литар масло за јадење ќе чини околу 155 денари. Зголемувањето ќе биде само за 5% колку што е ДДВ-то.“ - изјави Сашо Наумоски генерален директор на Витаминка.

Откако ќе се врати ДДВ-то на 5 проценти, и ќе се укине замрзната маржа повисоки цени ќе имаат и месото, јајцата, млекото и млечните прозиводи, шеќерот, оризот, брашното, лебот.  

Од економија пред десетина дена посочија дека нема да се оди на опција замрзнување на цените бидејќи не може да се влијае во делот на цените на суровините кои се увезуваат и влијаат врз крајните цени.  

Од утре кај горивата пак се враќа стапката на ДДВ од 10 на 18 %, но и намалената акциза. Според првичните пресметки на дел од познавачите цените на бензините ќе скокнат и до 10 денари за литар. Од надлежното министерство за финансии на прашањата на ТВ 24, денеска без конкретен став. Од Владата, пак посочија  седница се одржа, но на неа не станало збор за пролонгирање на антикризните мерки или пак евентуално носење нови. 

Дали утрешното одмрзнување на цените ќе значи и ново поскапување министерот за земјоделство не сакаше да шпекулира.  

Во делот на енергенсите на сила до крајот на годината останува засега претходно денесената мерка за намалено ДДВ на струја за домаќинствата до 5 проценти. Целиот пакет антикризни мерки тежи 400 милони евра, а во него покрај  даночните ослободнувања, намалувања, замрзнувања на маржи, имаше и еднократни ваучери.