Нов ценовен шок за граѓаните - бензините поскапуваат за 7 денари, дизелот за 6,5 денари по литар
Уште еден удар врз џебот на граѓаните. За седум денари поскапува бензинот, а за 6,5 дизелот. Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на горивата кои ќе почнат да важат од полноќ.
Ова е второ значително поскапување во краток период. Од почетокот на кризата на Блискиот Исток цената на дизелот во земјава се зголеми за 21 денар, а на бензините за 12 денари по литар.
Од регулаторна напоменуваат дека овие цени се максимални, тоа значи дека трговците на бензиските пумпи имаат можност да продаваат горива и до три денари поевтино за наточен еден литар.
За граѓаните пак ова е уште еден ценовен шок – очекуваат реакција од Владата и мерки од државата.
АНКЕТА
07840 / 00.13-00.40
„Дали треба да интервенира веројатно да - Цените одат во небеса, војната на Блискиот Исток си гоправи своето, колку може државата да помогне би било од помош за целото општество затоа што тешко би можеле да го поднесеме притисокот со високите цени, ние како физички лица можеби не, но транспортерите, цените на услугите ќе вивнат во небеса така што секоја помош од државата би била добредојдена“...
07836/00.38 – 00.49
„Треба некоја помош, нешто да намалат, на што личи ова се оди нагоре само платите остануваат исти“...
07849/ 00.25 - 00.37
„Скапо е се, а мора да се вози, има потреби“...
Владата и натаму без конкретни мерки. Од Илинденска број 2 велат се следи состојбата и се уште се разгледуваат опции.
ТЕЛОП – ВЛАДА
Владата активно ја следи состојбата со цените на горивата и во следниот период меѓу опциите кои се разгледуваат е и намалувањето на ДДВ од 18% на 10%, со цел заштита на животниот стандард на граѓаните.
Во меѓувреме дел од државите во регионот излегоа со мерки за ублажување на ценовниот удар предизвикан од поскапувањето на нафтата на глобално ниво. Според премиерот Мицкоски - Македонија била со најниска цена во регионот.
Глобалните цени на нафтата се зголемија за повеќе од 40 проценти од почетокот на војната на САД со Иран... Од утрово на берзите еден барел нафта се продава по цена од 105 долари.

