Нов ценовен бран
Foto

Нов ценовен бран

Поскапувањето на голем број на суровини кои ги користат занаетчиите при производство и услужна дејност ќе влијае негативно, бидејќи се трошат залихите кои се набавени по намалена цена, особено кај пекарите и слаткарите.

Со самото трошење на овие залихи и секоја нова набавка ќе носи нови цени кај овие производи, вели Анета Атанасовска, од Занаетчиската комора за Телевизија 24.

Зголемувањето на цените на горивата, нафтата и нафтените деривати директно ќе влијае на трошоците на превозот кај транспортерите. Билјана Муратовска од Макам транс за Телевизија 24 вели дека во моментот е голема понудата на камионски транспортери, а побарувачката сè уште не е на нивото од пред пандемијата, па ако сакаат да работат, превозниците не смеат да ги покачуваат цените. Муратовска вели дека секое поскапување на цените на нафтата, доведува до тоа да има помалку средства за плати на возачите, обновување на возниот парк или заменуваат со понови модели. 

Според дел од граѓаните, со поскапувањето на горивата поскапува и животот и велат дека едно семејство со минимални плати не може да си ги дозволи овие трошоци. 

Од Стопанската комора велат дека ќе има драстично поскапување на храната, во некои сектори и до 50 отсто, доколку Владата не помогне во спречување на ценовниот шок. Со оглед на светските трендови поскапувања секако ќе има, но колкави ќе бидат, најмногу зависи од државата и од тоа, какви одлуки ќе се донесат, велат оттаму. Како причина за раст на цените се климатските промени, намаленото земјоделско производство, недоволната работна сила, скапиот транспорт и скапите енергенси.

0 Коментари

Остави коментари