Нов бојкот во петок
Граѓаните повторно се мобилизираат против несовесните трговците. На социјалните медиуми од синоќа се шири нов повик за бојкот таргетиран против два големи маркети, а истиот е насловен како „Црн петок“ за маркетите.
Граѓаните повикуваат уште од денеска да се воздржат од купување на производи од овие два маркети, додека во петок се најавува бојкот на сите големи ланци на маркети.
Граѓаните кои ги анкетиравме велат дека бојкотот ќе даде позитивен резултат и истиот ќе го подржат, меѓутоа акцијата треба да биде подолготрајна.
Паролата на првиот бојкот огранизиран од страна на граѓаните беше „Попусто попусти кога цените се исти“, кои според реакциите даде позитивен резултат. Бојкотот беше подржан и од политичките партии
По информациите од првиот бојкот кој што беше организиран од страна на граѓантие на социјалните мрежи, прометот на маркетите беше намален за 50 отсто и тоа беше првата опомена на грашаните, трговците совесно да работат.
Првично бојкотот за воздржување од купување од големите маркети беше поттикнат од Хрватска, а за кратко време се прошири речиси низ целиот регион.