Нов атак врз „Недела неработен ден“

Владата не се откажува да направи промени во законот за недела неработен ден. Професорот Лазар Јовевски по трудово право кој што е и советкин на премиерот за тв24, вели дека треба да се подготви посоодветно решение и да се дозволи да работат оние кои што сметаат дека треба.

„Нашата заложба, идеа и визија тогаш исклучоците кои што треба да бидат да ја пратат неделата како неработен ден треба да се исф на минимум. Ние имаме 40 и кусур исклучоци кои може да работи во неделе како неработен ден и кога ќе видите речиси секој со посебно барање на се одобри остануваат оние кои што не работеа во јавната администрација и така натаму тие и продолжуваат да работат.“ - Лазар Јовевски професор по трудово право.

Бизнисот се погласен за промени во закон за недела неработен ден.Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии бараат недела да биде работен ден, со цел да се овозможи на ИТ инжињерите да можат да работат од дома.

„Исто така беше и зафатен и законот за работни односи. Ние цврсто стоиме значи како комора дека сакаме измени во законот за работни односи. Освен тоа што треба да бидат опфатени инжињерите да можат да работат дома скратено работно време и разни поволности кои што веќе се применуваат со години. Исто така мислиме и недела неработен ден дека треба да биде опфатена и да го разгледаат како работа која што ние мислиме дека треба да се укине.“ -  - Анета Антова Пешева – претседателка на МАСИТ.

Од ССМ остануваат на ставот дека недела треба да остане неработен ден. Велат дека во некои европски земји се вовело и четиридневна работна недела. Со тоа се зголемила добивката на компаниите и  продуктивноста на работниците. Посочиваат дека недела е ден за секој реботник достоинствено да си го помине времето со своите најблиски.