Нотарска комора: Трошоците растеа, а цената на нотарските услуги се намалуваше

Нотарите со котра агрументи до министерот за правда, не се откажуваат од потребата за зголемување на цената на нотарските услуги.

Од нотарската комора велат дека зановата одлука на минситерот филков слушнале од медиумите и дека  се подготвени за дебата во која ќе се соочат фактите за тоа дали треба или не да се зголеми нотарската тарифа. Тоа што министерот го стонираше новиот тарофник, нема да ги реши проблемите, реагираат нотарите. 

„Нотарската тарифа не само што не го пратеше трендот на пораст на платите, животните трошоци, стапката на инфлација и вредноста на правната работа, туку напротив во овие 25 години, истата во континуитет е намалувана во 2010, 2016 и 2019 година. Влијание на измените на Нотарската тарифа има и фактот што од воведувањето на нотаријатот, донесени се низа закони со кои се зголемуваат обврските на нотарите, што само по себе повлекува нови вработувања во нотарските канцеларии, а Нотарската тарифа паралелно се намалува.“ - се наведува во реакцијата на Нотарската комора.

По одлуката на министерот за правда Фиклов  да го стонира новиот нотарски тарифник со образложение дека бил донесен без анализи,  претходниот министр Кренер Лога  негира дека измените се донесени без дебата, напротив вели дека процесот траел половина година  и за новиот тарифник имало согласнот и од тогашната влада. Знам дека е непопуларно кога тарифите се зголемуваат и ниту еден министер нема да е среќен со ваков потег но, во три наврати нотарските наврати биле намалувани, вели Лога. 

„Ако не се согласуваат со одлука на влада може слободно да ја укинат и ако има многу аргументи во корист на барањата на нотарската комора. Намрптив процесто траеше минимум 6 месеци и повеќе состаноци и барања од страна на нотарската комора, има и објава од официјалната средба кога се дистурирани сите предизвици на нотариатот заедно за работна груба за законски измени.“ - вели Лога.

Синдикалецот и граѓански ативист Марјан Ристески смета дека посккапувањето на нотарските тарифи е направено на подмолен начин, во последен момент, пред избори. 

 „Ние уште веднаш кога разбравме на таков подмолен и скришен начин е донесена таква одлука кај што од први септември требаше да се качат нотарските такси за од 2 до 10 пати тоа е апсудрдно и добро е ние еве ја поздравуваме одлуката на господинот Филков бараме ние средба со него он убаво кажа дека не смеат граѓаните да плаќаат нешто еднаш два пати до 10 пати повеќе еве јас јавно му кажувам дека за жал веќе 10 години наназад граѓаните плаќаат и по 10 пати повеќе сметки тоа кај што се адвокатските трошкови извршните трошкови и конечно треба во македонија да се донесе еден закон кој што ќе биде исправена неправдата која што се прави врз граѓаните значи стари сметки 20 години.“ - вели Ристески.

Министерот за правда Игор Филков ја повлече одлуката за давање согласност за зголемување на тарифите на нотарите со образложение дека без дебата се носи решние кое на крај ќе ги чини граѓаните, со поскапени нотарски услуги дури и до десет пати.