Носењето на есенската потрошувачка кошница ќе почека најмалку уште една недела
Иако за денеска беше најавено дека ќе биде објавен предлогот за тоа кои прехрамбени производи ќе се најдат во есенската потрошувачка кошничка и колку ќе биде намалена нивната цена, владата денеска соопшти дека им се потребни дополнителни консултации со фирмите односно со стопанските комори. Од опозицијата ваквиот потег на власта го оценија како лажење на граѓаните со ионака задоцнета мерка.