Ногачески за тв24: „Студијата за депонијата беше донесена по крајно нетранспарентна и несоодветна постапка“
Foto

Ногачески за тв24: „Студијата за депонијата беше донесена по крајно нетранспарентна и несоодветна постапка“

Општина Дебрца ја доби првата битка, при што се избори против плановите за изградба на регионалната депонија за цврст отпад, во атарот на селото Годивје. Пред поднесувањето на жалбата за студијата, граѓаните на оваа општина преку протести, а потоа и со одржување на референдум се спротивставија за планот за депонијата.

Градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески, денеска во изјава за Телевизија 24 посочи дека не се против изградба на интегриран систем на регионално ниво, но, смета дека одбраното решение за депонијата кај Годивје не е баш најдобро, зашто студијата е донесена по крајно нетранспарентна и несоодветна постапка, бидејќи не се почитувани мислењата на за еколошките аспекти и тие за заштита на природното наследство. Телефонскиот разговор со Ногачески, во продолжение.

0 Коментари

Остави коментари