Ноер пред мечот со Барселона: Овој меч е вистинска бомба во 1. коло
Foto

Ноер пред мечот со Барселона: Овој меч е вистинска бомба во 1. коло

Голманот на Баерн, Мануел Ноер го нарече „бомба“ натпреварот со Барселона во првото коло од Лигата на шампионите.

Тој се потсети и на средбата од четвртфиналето 2019/20, кое заврши со резултат 8:2.

– Никогаш нема да го заборавиме дуелот во 2020 година, но сега имаме два нови натпревари од групната фаза и очекуваме големи борби. Таквиот меч е вистинска бомба за првото коло и едвај чекаме да ја започнеме борбата на овој турнир, изјави Нојер за  официјалната веб-страница на УЕФА.

Натпреварот Барселона – Баерн ќе се одржи вечер во Шпанија со почеток во 21 часот.

Покрај овие две екипи, во Е-групата од елитното фудбалско натпреварување се и Бенфика и Динамо Киев.

0 Коментари

Остави коментари