„Но пасаран”: Судските предмети за исклучените од парно греење завршуваат во рацете на едни те исти судии
Foto

„Но пасаран”: Судските предмети за исклучените од парно греење завршуваат во рацете на едни те исти судии

Судските предмети за исклучените од парно греење завршуваат во рацете на едни те исти судии кои работат во корист на „Балкан енерџи груп“ - обвинуваат од „Но Пасаран“. Тие до нашата редакција донесоа пресуда од Апелација која ја донела Маја Маркова Котевска сестра на Јоже Марков, еден од сопствениците на адвокатската канцеларија „Чукиќ и Марков “кои беа правни застапници на БЕГ. Обвинуваат за судир на интереси и можна корупција.

Во судските лавиринти сме заглавени до немај каде и не можеме да се одглавиме од причина што во конкретниот случај се тужиме со БЕГ каде што правен застапник беше адвокатскот друштво Чукиќ и Марков. Пред некој ден добивам не пресуда, туку решение каде што пресудува Маја Маркова Котевска, сестра на Јоже Марков, што не смее да суди и да досудува. Само корумпиран судија може ваква пресуда да донесе.“ - вели Жарко Бишевац од „Но пасаран“.

Како доказ дека цвета корупцијата во судството ја посочуваат и снимката која се појави деновиве на социјалните мрежи, каде жена зема мито од 6.500 евра за да мести пресуда.

Велат добро е што има кривична за поранешниот прв човек на регулаторна, Петров, дека незаконски издал лиценци на БЕГ и ги одредувал цените спротивно од Правилникот, со што овозможил на БЕГ да заработи 6,7 милиони евра на штета на граѓаните, но тоа не смее да застане тука. Го повикуваат Премиерот, министрите за правда и за внатрешни работи да расчистат и со корумпираните судии, адвокати, нотари, извршители.

„Може им преку 10.000 плачат по судовите, ги влечат ги малтретираат. Акмисот во Основен суд 2 не работи. Ккао може едни те исти судии да судат за БЕГ. Оние што досудиле, значи има и чесни судии, меѓутоа тие се многу малце и се задушени од оние судии што работат спротивно на законот“- вели Жарко Бишевац од „Но пасаран“.

За Апелација не е спорно што пресудата ја донела Маја Маркова Котевска, која е сестра на Серјожа Марков, кој пак беше правен застапник на БЕГ, бидејќи конкретно во тој предмет БЕГ бил застапуван од друг адвокат. Велат жалбата била одбиена оти првостепениот суд постапил правилно - приговорот морал да биде составен од авокат.

„Таков судир на интереси не постои, со оглед да полномошник на тужителот во постапката не е адвокат Серјожа Марков од Скопје, брат на судијата Маја Маркова Котевска, туку како полномошник во конкретниот предмет на тужителот Снабдување со топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ - Скопје се јавува Адвокатско друштво Пепељугоски, кој не е во сродство со ниту еден член од советот.“ - велат од Апелација.

Од „Но пасаран“ велат - сите судски предмети од БЕГ се незаконски и протиуставни-нема договор, ниту веродостојна исправа и се спротивни на одлуката на Уставен, дека исклучените не треба да плаќаат за парно. Ја повикуваат претседателката на Апелација, Лидија Димчевска на јавна дебата, оти на првата средба им ветила дека ќе работи во корист на граѓаните, а сега писмено ги известува дека не може да ги прими.

0 Коментари

Остави коментари