Низа неправилности во работењето кај трговците со пелети
Неколку трговци кои што продаваат пелети заработиле глоби од 200 до 800 евра за правното лице, а додека одговорните лица заработиле глоби од 40 до 80 евра, а биле извршени 131 надзор велат од ДПИ. Надзорите велат од ДПИ ќе продолжат но и дека доколку има потреба истото покрај за пелетите ќе се прави и за огревното дрво кое во приватните складишта се движи од 4.800 до 5.000 денари за кубик дрво.
- „ Неправилностите се по однос на евиденцијата во трговија, во неколку објекти евиденцијата во трговија не се наоѓала во објектот, во два објекти не се води евиденција во трговијата, и кај два субјекти констатирано е дека за продажните објекти односно складовите каде што се сместени пелетите немаат доставено пријава за исполнување на минимално технички услови за вршење на трговската дејност. Глобите се движат во зависност од големината на субјектот, изречени се глоби од минимум 200 евра за правното лице до 800 евра, за одговорното лице од 40 до 80 евра.“ - вели директорката на ДПИ, Анета Симеска Димоска.
Покрај скапотијата со пелетите и огревното дрво, нова поскапа цена ќе плаќаат потрошувачите приклучени на најголемата топлинска мрежа во Скопје од август, се зголемува за 14,18 проценти. Според пресметките на Регулаторна, се предвидува ТЕ-ТО да обезбеди 70 проценти од потребната топлинска енергија, а 30 проценти да се обезбедат од топланите во Градот Скопје.
Во период на скап животен стандард и двоцифрена инфлаација, ЈП национални шуми побара 20 посто поскапување на огревното дрво, од Влада претходно посочија дека ќе се изјаснат откако ќе го разгледаат барањето.