Низ „Платформа 1198“ преставена програмата на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните избори
Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен, а тоа е дека нема уставни измени под вакви услови, рече денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски на денешната програмска дебата насловена Дипломатски хоризонти – Реформи во политичкиот систем, стратегии за надворешната политика и дипломатија посветена на ЕУ на која се презентира програмата на ВМРО-ДПМНЕ Платформа 1198. Нагласи дека основен приоритет на надворешната политика ќе биде полноправно членство на Република Македонија во Европската Унија и негување на стратешкото партнерство со САД.
Гордана Димитровска Кочовска посочи дека фокусот на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде насочен кон капитални инвестиции, кон политиката на ниски и рамни даноци, силна борба против сивата економија и намалување на стапката на невработеност на 7.5%, додека Владо Мисајловски вети изградба на автопати.
Синиша Ивановски, претседател на Комисија на ВМРО-ДПМНЕ за инфраструктура, урбанизам и транспорт вети завршување делницата Скопје – Блаце, и автопатот од Кичево – Букојчани.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во 18 часот ќе презентира дел од проектите од програмата на партијата за парламентарните избори.