Ниту Еди Рама не успеа да ги седне на иста маса Билал Касами и Али Ахмети
Со исклучок на Беса лидерите на партиите од албанскиот блок утре ќе се појават на средбата во Тирана која ја иницираше премиерот на Албанија Еди Рама.
Од ДУИ денеска велат дека не гледаат ништо спорно во тоа бидејќи како што посочи шефот на дипломатијата Османи - Рама е пријател на Македонија а средбата е традиционална и симболична без однапред предвидена агенда.
Од Беса пак велат дека нема да присуствуваат на средбата иако официјално и тие добиле покана во која не било наведено како што велат конкретно за што ќе се одржи истата но сметаат дека не станува збор за било каква платформа но очекуваат да се дискутира за актуелните политички теми.
- Очигледно Али Ахмети ќе ја учи Тирана за зелената агенда или Тирана ќе спрема втора тиранска платформа која Ахмти после ќе му ја даде на Ковачевски. Единствениот договор кој треба да го има е обединување против криминалот и договор за избори па народот да одлучи. - велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од Бихаќка пак велат дека не гледаат ништо спорно во средбата. Еди Рама е докажан пријател на Македонија и на македонскиот народ. Албанија е наша пријателска земја со која чекориме заедно по европскиот пат и взаемно си помагаме во НАТО. Секоја средба формална или неформална која е од интерес на двете земји е во насока на градење европски регион.
Средбата во Тирана доаѓа во време кога во земјава власта и опозицијата се со две спротивставени агенди. Власта бара пратениците да гласаат за уставни измени, додека опозицијата останува на барањето за предвремени избори.
Официјално своето присустви уште вчера го потврдија Арбен Таравари и Африм Гаши.