Ниските плати и злоупотребите на газдите ги тера работниците да заминуваат од Македонија

Спрегата помеѓу работникот и работодавачот постоела и ќе постои. Многу фирми пропаднале како резултат на алчноста за профит на газдите губејќи го човекот како еден од клучните фактори за развој како на сопствената фирма така и на севкупниот раст и развој на економијата.

Едните со изговор дека треба поголема продуктивност другите пак со барање за достоинствена плата. Ниските плати и злоупотребите на газдите ги тера работниците да заминуваат од Македонија да работат во други држави а со тоа  и да допринесуваат за други економии, тоа треба да биде најголемиот пораз за оние газди кои ја злоупотребуваат работната сила велат од ССМ. 

Иван Пешевски, потпретседател на ССМ вели дека загрижувачки е што 12.500 градежни работници се иселени од Македонија поради лошите политики во изминатите години. 

„Друг поразителен факт е што се усогласуваат платите на функционерите почнувајќи од месец февурари а и сега во месец мај а на работниците остана само она усогласување што не беше зголемување на плата туку усогласување со минималната плата и повторно немаме зголемување од 12.6 проценти согласно општиот колективен договор за јавен сектор. Ако имаме во предвид дека најголем работодавач во земјава е самата влада со преку 130 илјади во јавниот сектор ќе видиме дека се оштетени повеќе од 130 илјади луѓе за тоа усогласување согласно општиот колективен договор кој што не се случи. А од друга страна за тие закони што им одговара на функционерите да ги зголемуваат платите и ги применуваат од денес за утре ги зголемуваат платите и со тоа покажуваат дека ги усогласуваат односно дека работат по закон.“ - вели потпретседателот на ССМ, Иван Пешевски. 

Непочитувањето на колективните договори е директен упад во живтониот стандард на работниците што ги доведува во ситуација да ја напуштат државата. 

„Она што морам да го нагласам е дека колективниот договор за јавен сектор има сила на закон и дека треба итно да се усогласат сите плати на вработените во јавниот сектор. Со тоа ќе се даде можност да се зголемат и платите на вработените во приватниот сектор имајќи во предвид дека вработените во приватниот сектор се оние кои што се двигател на економијата и кои што многу повеќе го полнат БДП.“ - вели потпретседателот на ССМ, Иван Пешевски. 

Владата донесе оперативен план за вработување кој опфаќа 16.000 граѓани, повеќето млади до 29 години. Претходно се одеше на стратегија да се увезуваат работници од Бангладеш, Непал, Пакистан но и тие работници избегаа од Македонија.