Ништо од мирот меѓу Изарел и Газа
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел нема да ги прифати барањата на Хамас за прекин на огнот во Појасот Газа.
- Израел нема да се потчини на заблудните барања на Хамас и ќе продолжи да дејствува за да ги постигне сите цели на војната: да ги ослободи сите киднапирани, да ги уништи воените и владините капацитети на Хамас и да се осигура дека Газа повеќе нема да поставува закана за Израел. - изјави Нетанјаху.
Хамас пак вечра вечерта го отфрли најновиот предлог за примирје инсистирајќи на тоа да остане на својата првобитна позиција, која вклучува крај на војната и целосно израелско повлекување од Газа. Од другастрана Советот за безбедност на Обединетите нации во резолуција повика на итен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас и итно и безусловно ослободување на сите заложници.
Текстот, изнесен од 10-те избрани членови на 15-члениот совет, беше усвоен со 14 гласа „за“, а Соединетите држави беа воздржани, што дозволува мерката да помине. Ова беше осми пат Советот да се обиде да договори резолуција за прекин на огнот, а тоа беше поздравено со аплауз во преполната сала на советот.
Во меѓувреме, борбите немаа прекин. Израелската војскаобјави дека спроведувела повеќе операции околу болницата Шифа во градот Газа, како и копнени борби и воздушни напади во центарот на Газа. Војната започна со терористичкиот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври во кој според израелските податоци загинаа 1.200 луѓе и доведе до апсење на околу 250 заложници.