Ништо од договорот за мир на Блискиот Исток
САД извршија нови напади врз Иран, по претходниот напад со дрон врз брод под панамско знаме во Ормутскиот теснец. Централната команда на САД соопшти дека погодила повеќе цели низ Иран како директен одговор на „континуираната агресија“ врз комерцијалниот превоз. Како одмазда, иранската Исламска револуционерна гарда соопшти дека лансирала ракети и беспилотни летала кон американската инфраструктура во Кувајт и Бахреин. По размената на оган, САД и Иран се обвинија меѓусебно за кршење на договорот за прекин на огнот.
Доналд Трамп трутх социал
„Авиони на САД нападнаа ирански локации, поради кршење на Договорот за прекин на огнот, повторно! Многу е можно никогаш да не научат. Може да дојде момент кога повеќе нема да можеме да бидеме разумни и ќе бидеме принудени воено да ја завршиме работата што многу успешно ја започнавме. Ако тоа се случи, Исламската Република Иран повеќе нема да постои“.
Бахреин и Кувајт ги осудија иранските напади, додека Израел соопшти дека ги нападнала милитантите на Хезболах во јужен Либан-ден откако се согласи да повлече дел од трупите од регионот. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи го обвини Израел дека продолжува со нападите и покрај договорите и порача дека САД имаат одговорност да обезбедат нивно запирање.
Абас Арагчи - министер за надворешни работи на Иран
„Жалиме што израелскиот режим продолжува со нападите. Одговорност на САД е, според обврските што ги прифатија, да ги запрат тие напади и да обезбедат почитување на договореното“.
САД и Иран на 17 јуни се согласија да ги прекинат непријателствата според меморандум за разбирање од 14 точки, во кој се бараше Иран да направи „најдобри напори за безбедно поминување на комерцијални бродови без надомест во текот на 60 дена“. Ормутскиот теснец е клучен воден пат за испораки на нафта и гас, а беше затворен од Техеран откако САД и Израел почнаа напади врз Иран кон крајот на февруари. Затворањето предизвика скок на глобалните цени на нафтата.

