Ништо не може да го промени нашиот свет - подготовка на балетот „Чиполино“ според Џани Родари

Бојан Лазаров и Александра Никифороски во емисијата Студио 10 истакнаа дека овој проект се работеше три месеци. Претставата премиерно ќе се изведе премиерно утре.

- Тоа е интензивна секојдневна работа. Секогаш почнувам најпрвин од добрата музика и шест месеци работевме на музиката и кореографијата, со 102 учесници во претставата. Имаме актери и наши ученици, се до учениците од најмала возраст. Претставата е прилагодена за сечија возраст. Ова е нешто што треба да го гледаат и малите и возрасните. - рече Никифороски.

- Соработката со Александар е од 2012 година за една претставата и сфативме дека сме на исто професионално ниво и 11 години соработуваме на балетски и театарски претстави. Таа точно знае што сакам да направам и јас знам што сака таа да направам. Верувам во нејзината посветеност на проектот. - вели Лазаров.