Нимиц за Дојче веле: Потпишувањето на Преспанскиот договор е врв на мојата кариера
Foto

Нимиц за Дојче веле: Потпишувањето на Преспанскиот договор е врв на мојата кариера

До самото потпишување на Договорот од Преспа на 17 јуни 2018 година, не бев сигурен дека целата работа ќе се истера до крај, признава Метју Нимиц во интервју за Дојче веле. Американскиот дипломат, кој цели две и пол децении беше медијатор во спорот за името меѓу Скопје и Атина, истакнува дека денот на потпишувањето не го памети само по својот 79 роденден, туку смета дека тоа е денот на врвот на  неговата кариера. Смета дека референцата „поранешна југословенска Република Македонија“ всушност и не беше име и открива дека постојано се мачел со користењето на ПЈРМ. 

„Привремената референца во Обединетите нации воопшто не беше име на земјата. Тоа беше времена референца во очекување на име. Вашата земја беше заглавена со таа референца што беше понижувачки за државата, ја доведуваше во прашање нејзината легитимност, отвораше проблеми, а беше тешко и за мене како претставник на ОН да ја користам и постојано да повторувам ‘поранешна југословенска Република Македонија.“ - изјави Нимиц.

На прашањето дали можело да се предвиди дека многумина надвор од Македонија ја извлекуваат придавката северномакедонски од новото име на државата, Нимиц дава потврден одговор.

„Секако дека го увидовме проблемот. Но и го решивме со Договорот така што луѓето се дефинираат како Македонци. Но името на државата е Северна Македонија, па логично е понекогаш да се користи и терминот северномакедонци - северномакедонски. Но етничкиот идентитет е македонски. Вие така се нарекувате. Имате и Северна и Јужна Кореја, но луѓето се нарекуваат Корејци. Имињата на земјите се менуваат, но луѓето си ја задржуваат припадноста."  изјави Нимиц.

Појаснува и дека се обидувал да објасни на Грците дека потпишувањето на договорот не е нешто за што тие направиле отстапка. Честопати си мислам дека ако бев паметен ќе го напишев договорот на кинески јазик, затоа што кинескиот е официјален јазик на ОН. Доколку го напишевме договорот на кинески, ќе ги немавме сите овие проблеми. Никој во Грција или Северна Македонија немаше да разбере што содржи тој, вели Нимиц во интерјуто за Дојче веле.

0 Коментари

Остави коментари