Нимиц од Атина за Преспанскиот договор: Почитувајте го договорот, немојте да живеете во илузии, живееме во опасни времиња

Со силен аплауз на гостите и уесниците Зоран Заев и Алексис Ципрас му ја врачија Наградата за мир Преспа на амбасадорот Метју Нимиц, како прв на ова признание кое Институт Алексис Ципрас и Фондацијата Заев најавија дека традиционално ќе се доделува секоја година на денот кога се одбележува Преспанскиот договор.

На церемонијата на врачувањето на награда беше емитувана и видео пораката на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш.

Во својата порака Гутереш истакна дека „пред шест години луѓето на Грција и Северна Македонија предводени од нивните премиери Алексис Ципрас и Зоран Заев се собраа за да помогнат во отстранувањето на долгогодишната пречка за иднината на мир и стабилен развој“.

„Договорот од Преспа е доказ за моќта на дипломатијата, дијалогот и компромисите. Сакам да му оддадам признание на посветеноста на мојот личен пратеник во тоа време Метју Нимиц. Договорот не само што го решава спорот за името, туку отвора потенцијал за нови можности за тетреб, размена на контролори и регионални партнерства“, нагласи Гутереш.