Николовски за ТВ 24: Самоволие и узурпација нема да дозволам, а ако се утврди таков акт, и во затвор ќе се заврши

Самоволие и узурпација нема да дозволам,а ако се утврди таков акт и во затвор ќе заврши, вели за ТВ 24  министерот за транспорт Александар Николовски како одговор на писмото кое му го адресираа загрижените жители на населбата Лагадин во кое обвинуваат дека сопственикот на спорниот хотел има намера да узурпира дел од крајбрежјето на езерото.

,,Хотелот односно градбата е под надлежност на Општината.Плажата исто така.Но и како човек и политички кажувам дека ќе направиме се да се спречи самоволие.Ако има таков акт не само што нема да ја узурпира туку и во затвор ќе заврши." вели за ТВ24 министерот Николовски.

Во меѓувреме од општина Охрид за ТВ 24 брифираат дека на терен веднаш излегле инспекторите од општинскиот градежен инспекторат,а деталите од извештајот ќе ги испратат подоцна.

Хотелот во Лагадин околу една деценија ја бранува јавноста.Според екологистите и таа градба но и останатите кои се повеќе ги има - носат само штета и опасни последици за заштитеното подрачје.

 

Инаку во писмото меѓудругото жителите од Лагадин наведуваат дека ќе водат и правна битка се со цел да го заштитат од безмилосна урбанизација езерото,плажата но и статусот под Унеско.