Николовски за тв 24: „Не смееме да заборавиме низ што поминуваше новинарството во изминатите 10 години
Foto

Николовски за тв 24: „Не смееме да заборавиме низ што поминуваше новинарството во изминатите 10 години

Новинарот Љубиша Николовски во денешното гостување во 24 анализа смета дека случајот со прислушуваните новинари треба што побрзо да се реши. Ова е добр потсетување на период кој не треба да се заборави, но треба да се остави зад нас. Тој смета дека правдата ќе биде задоволена.

„Не смееме да заборавиме низ што поминуваше новинарството во изминатите 10 години.“ - рече Николовски.

Во однос на денешната состојба во опозициската партија, тој смета дека вмровци се нарекуваат граѓани и кои не се членови на партијата. ВМРО-ДПМНЕ се сведени на еден претседател, двацва потпретседатели и пи ар служба и тие во името на некој орган се оградуваат од Мијалков.

„Сега наеднаш тој е безличен човек кој немал ништо заслуга за партијата и дека ВМРО-ДПМНЕ се уситнува. Во таа партија има луѓе од времето на Георгиевски и Груевски и еден дел кој по инерција се со сегашното раководство.“ - вели Николовски.

Николовски смета дека оние луѓе кои сега се пбунија против одлуките на ова раководство, биле и во претходното раководство на партијата. Според него, партијата заслужува да биде силна опозициска партија и да се ослонва на сите членови, а не да се стеснува, зошто тоа ќе се одрази на наредните избори.

0 Коментари

Остави коментари